Hamdi Yıldız
05 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Милицијата поврзана со пучистот Калифа Хафтар од 21 март го прекрши примирјето во Либија 180 пати, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на воените единици на Владата за национално единство, единствената легитимна влада во земјата, Мухамед Кунуну, рече дека на воздушните напади било одговорено 35 пати во рок од 6 дена и дека биле погодени цели во западниот, јужниот и источниот дел од главниот град Триполи, каде што се стационирани милициите на Хафтар.
Наведувајќи дека се организирани операции за намалување на логистичката поддршка на позициите на милицијата на Хафтар, Кунуну рече дека цел биле и странските платени вооружени сили.
Кунуну истакна дека во изминатите 6 месеци биле извршени 700 воздушни напади врз Триполи.
Во изјавата по повод првата годишнина од нападите за заземање на Триполи, Кунуну нагласи: „Бараме меѓународната заедница да ја исполни својата одговорност со тоа што ќе бара објаснување од државите кои го поддржуваат воениот злосторник Хафтар и неговата милиција. Исто така бараме да се прекинат односите со воениот злосторник, кој се претставува како легитимен во политичката борба.“
Министерот за внатрешни работи на Владата за национално единство, Фети Башага, во писмената изјава за годишнината од нападите во Триполи порача:
„Ние сме посилни од кога било и ќе продолжиме да ги напаѓаме со железна тупаница милицијата, легионерите и сите оние што се обидуваат да го обноват проектот за ропство и деспотизмот.“