Muhammet Nazım Taşcı
05 Април 2020•Ажурирај: 05 Април 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на регистрирани случаи со новиот вид коронавирус, Ковид-19, низ целиот свет ја надмина бројката од 1,2 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на веб-страницата „Worldometer“, која ги регистрира податоците за Ковид-19 од сите земји, вкупниот број случаи со коронавирусот во светски рамки ја достигна бројката од 1 милион 203 илјади 058.
Земја со најголем број случаи со Ковид-19 се Соединетите Американски Држави (САД), каде што се регистрирани 311.635, а потоа следуваат Шпанија со 126.168, Италија со 124.632 случаи и Германија со 96.092 случаи.
Во Кина, каде што се појави епидемијата, евидентирани се 81.669 случаи.
Земји со регистрирани над 10.000 случаи со коронавирусот се: Франција (89.953), Иран (55.743), Велика Британија (41.903), Турција (23.934), Швајцарија (20.505), Белгија (18.431) Холандија (16.627), Канада (14.018), Австрија (11.781), Португалија (10.524), Бразил (10.360) и Јужна Кореја (10.237).
Ковид-19 за првпат се појави во декември 2019 година во градот Вухан, во кинеската покраина Хубеи, и се рашири во речиси 200 земји.
Поради епидемијата низ целиот свет досега од вирусот починаа 64.836 лица.