Gülşen Topçu
20 Февруари 2018•Ажурирај: 20 Февруари 2018
ТРИПОЛИ (АА) - Поморските сили при Владата за национално единство на Либија спасија 120 илегални мигранти на отворени води кај градот Ез Завија, кој се наоѓа во западниот дел на Либија, јавува Anadolu Agency (AA).
Полковник Ешреф ел Бедри од Крајбрежната безбедност во Триполи, во изјава за АА истакна дека во рамките на операцијата започната по една пријава, од рибарски чамец се спасени 120 африкански мигранти со различно потекло.
Бедри нагласи дека мигрантите ќе бидат пренесени во Организацијата за борба против тероризмот.
Од Поморските сили претходно соопштија дека на отворено море кај градот Зувара биле спасени 324 илегални мигранти.
Според локалните и меѓународните официјални извори, во Либија има мигранти од 24 различни земји, од кои 95 отсто се Африканци коишто се обидуваат преку Средоземното Море да преминат во Европа.