Ayhan Şimşek
21 Јули 2020•Ажурирај: 21 Јули 2020
БЕРЛИН (АА) - Лидерите на Европската Унија (ЕУ) постигнаа историски договор рано утринава во врска со фондот од 750 милијарди евра за закрепнување на економијата, ослабена како последица на коронавирусот, и за долгорочниот буџет на Унијата, по четири дена маратонски разговори во Брисел, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Многу долгиот состанок заврши добро“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон.
Таа рече дека е постигнат важен чекор во врска со новиот предлог на Европската комисија и Европскиот совет за Фондот за закрепнување на економијата.
„Задржан е вкупниот износ од 750 милијарди евра. Грантовите ќе изнесуваат помалку, 390 милијарди евра, исто и кредидите, и тие ќе изнесуваат 360 милијарди евра“, рече Меркел.
Членовите на ЕУ беа поделени во врска со износот и условите на Фондот за закрепнување.
Земјите членки кои се најтешко погодени од пандемијата на Ковид-19 побараа солидарност од ЕУ за ублажување на економската криза, но таканаречената „Штедлива четворка“, богатата група составена од Австрија, Холандија, Шведска и Данска, инсистираше на буџетска дисциплина.