Ekipa
02 Јули 2017•Ажурирај: 02 Јули 2017
ТОКИО (АА) - Граѓаните на Токио, денес на локалните избори, избраа градско собрание, а според оценките на светските агенции изборите би можеле да имаат национални последици поради падот на популарноста на актуелниот премиер на земјата Шинзо Абе, јавува Anadolu Agency (AA).
Анкетите предвидуваат дека коалицијата на Tомин Фрст но Каи, поранешната ТВ водителка и актуелната гувернерка на јапонската престолнина, Јурико Коике (64), ќе ја победи владеjачката Либерално-демократска партија на јапонскиот премиер, која има мнозинство во Собранието на Токио, коe брои 127 места.
Резултатите на локалните избори и во минатото влијаеа на националните избори. Kоике по сѐ изгледа цели кон враќање во Парламентот за да може подоцна да се кандидира за премиерската позиција.
По минатогодишната победа, Kоике стана првата жена гувернер на Токио. Таа парламентот, во кој доминираа пратениците на ЛДП, го нарече место на мрачна политика кој го води клубот на антиреформски стари момчиња кои ја попречуваат нејзината програма, вклучувајќи го и намалувањето на трошоците за Олимписките игри во 2020 година.
Јапонскиот премиер Шинзо Абе од 2012 година ужива добар рејтинг меѓу граѓаните, но неговата и популарноста на неговата партија опаднаа по серијата скандали во последниве месеци.