Ahmet Gürhan Kartal
26 Јули 2017•Ажурирај: 27 Јули 2017
ЛОНДОН (АА) - Двајца тинејџери со азиско потекло се хоспитализирани вчера во Лондон, откако беа нападнати со киселина во источниот дел на градот, соопшти лондонската полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова е уште еден од серијата напади со киселина кои се случија во последните неколку недели во британскиот главен град.
По нападот во населбата Бетнал Грин, повредените тинејџери ја повикале полицијата. На местото на настанот им е укажана медицинска помош, по што се транспортирани во болницата, со изгореници од киселината.
„Жртвите, двајца Бенгалци, влегоа во продавницата. На лицето имаа киселина и гореа. Кожата им се лупеше“, вели сопственикот на продавницата, пренесуват британските медиуми.
Возачот за достава, Џабен Хусеин, претходно овој месец возеше мопед во источен Лондон, кога двајца мажи го турнаа и истурија киселина врз него. Тоа беше првиот од петте напади што се случија истата вечер.
Џанил Мухтар (37) и неговиот 21-годишен роднина Решам Хан се здобија со изгореници опасни по животот, кога во јуни беа нападнати со киселина додека чекаа во автомобилот.
Мухтар во едно интервју нападот го нарече исламофобичен.
За нападот беше обвинет 24-годишниот Џон Toмлин.