Selen Temizer
22 Јуни 2021•Ажурирај: 23 Јуни 2021
БРИСЕЛ (АА) - Европската агенција за животна средина соопшти дека кај половината од анализираните вкупно 323 градови во Европската Унија (ЕУ) квалитетот на воздухот е лош, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според извештајот на Европската агенција за животна средина, само 39 проценти од анализираните 323 градови биле категоризирани како „добри“, а со тоа се крши стандардот утврден од ЕУ во 2015 година.
Ханс Брауникс, управниот директор на Европската агенција за животна средина, во извештајот истакнува:
„Во време кога квалитетот на воздухот значително се подобри во текот на изминатите години, во многу градови во Европа загадувањето на воздухот останува тврдоглаво високо.“
Се проценува дека намалувањето на загадувањето на воздухот на нивоата препорачани од Светската здравствена организација (СЗО) може да спречи приближно 51.000 предвремени смртни случаи секоја година.
Во 2018 година загадувањето на воздухот предизвика приближно 417.000 предвремени смртни случаи во 41 европска земја.
Европскиот суд на правдата претходно донесе одлука дека Бугарија, Полска, Романија, Италија и од неодамна, Унгарија, во февруари ги надминале законските граници за загадување на воздухот.
Комисијата на ЕУ поднесе тужби и против Франција, Грција и Словачка.