Ömer Faruk Yıldız
08 Мај 2019•Ажурирај: 09 Мај 2019
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Малезиската Влада започна иницијатива богатството на поранешниот премиер да биде префрлено во државната каса, откако минатата година, во рамките на истрагата за корупција во Државниот фонд за развој (1MDB), го заплени богатството на поранешниот премиер Неџип Резак, кое изнесуваше 171 милион долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите во малезискиот весник „The Edge Markets“, поранешниот премиер Неџип, како што се тврди, со парите на Државниот фонд за развој (1MDB), покрај накит, рачни часовници, очила за сонце, купил и 27 луксузни автомобили. Исто така, на 29 посебни банкарски сметки имал и пари.
Минатата година малезиската полиција, запленувајќи го богатството на премиерот, поднесе барање до Високиот суд да „дозволи конфискација на имотот“.
Барањето е поднесено од Владата и полицијата.
Малезиската полиција минатата година, по парламентарните избори одржани на 9 мај и по продолжувањето на истрагата во Државниот фонд за развој, на 16 мај го конфискуваше имотот на Неџип, за кој се тврди дека го купил со парите на Државниот фонд.