Faruk Hanedar,Enes Canlı
02 Октомври 2025•Ажурирај: 02 Октомври 2025
АШДОД (AA) - Некои бродови и активисти од Глобалната флотила „Сумуд“, кои Израел нелегално ги конфискува, донесени се во пристаништето Ашдод.
Регионалниот дописник на Агенција Анадолу (AA) објави дека бродовите од Глобалната флотила „Сумуд“, кои се нападнати од израелската армија, почнале да пристигнуваат во пристаништето Ашдод, а некои активисти биле видени на палубите на бродовите облечени во портокалови елеци за спасување.
Вниманието го привлече веењето на палестинското знаме на еден од незаконски конфискуваните бродови.
Од пладневните часови продолжуваат активностите на воените бродови околу пристаништето.