Emre Aytekin
29 Јануари 2019•Ажурирај: 29 Јануари 2019
МЕКСИКО (АА) - Мексико нема да издава дозвола за привремен престој на малолетни лица од трети земји во текот на чекањето за азил во Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Националната комисија за миграции, Тонатиу Гвилен, истакна дека на мигрантите кои преку Мексико се обидуваат да стигнат до САД, сѐ додека не добијат одговор на барањето за азил, ќе им биде дозволен престој на територијата на Мексико, но тоа ќе биде ограничено на граничниот премин Ел Чапарал. Од сите други гранични премини, мигрантите ќе бидат пуштани кон САД.
Гвилен потенцираше дека нема да биде дозволен престој во Мексико за време на чекањето за азил на лица од трети земји помлади од 18 години. Тој, исто така откри дека Мексико од 1 декември минатата година издало најмалку 3.983 транзитни визи за мигранти од земјите од Централна Америка.
Според претходниот Договор на владите на САД и Мексико, наречен „Останете во Мексико“, мигрантите од трети земји кои аплицираат за азил во САД, сѐ додека не добијат одговор, престојуваат во пограничниот град Тихуана.