Haydar Hadi
09 Јуни 2017•Ажурирај: 10 Јуни 2017
БАГДАД (АА) - Најмалку 20 лица загинаа во бомбашки напад што се случи денес во Ирак, недалеку од подрачјето на кое се наоѓаше древниот Вавилон, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот го изврши бомбаш-самоубиец кој активираше експлозив на пазар во центарот на подрачјето Aл Мусајаб.
Во силната експлозија загинаа најмалку 20, а ранети се 24 лица.
Паралелно со тоа, цел на бомбашкиот напад во јужниот дел на Багдад беше и полициска патрола. Во тој напад се убиени најмалку две, а ранети се тројца полицајци.
И во јужниот ирачки град Кербели утринава одекна силна експлозија, а според првите информации, ранети се и најмалку четири лица.
Досега никој не презеде одговорност за денешните напади во Ирак.