Ali Semerci
14 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
ГАЗА (АА) – Медицинската помош за поддршка во борбата против новиот вид коронавирус испратени од Турција, пристигнаа во Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Палестинското Министерство за здравство објави соопштение за количината на медицинската помош доставена до Појасот Газа преку граничниот премин „Керм Абу Салим“. Од тука, медицинските материјали ќе ги прими Министерството за здравство во Појасот Газа.
- Турција со поддршка за Палестина во борбата против Ковид-19 -
Карго авионот на „Туркиш ерлајнс“ со медицински материјали испратени за Палестина, на 30 април пристигна на аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив, главниот град на Израел.
Помошта на Турција, под надзор на претставниците на турската Амбасада во Тел Авив, на 5 мај беа испратени во градот Рамала, на окупираниот Западен Брег.
Меѓу 15-те тони медицински материјали испратени за Палестина како поддршка во борбата против Ковид-19 се наоѓаат 40 илјади тест комплети, 100 илјади „N95“ маски, 40 илјади комбинезони, 100 илјади ракавици, 20 илјади заштитни очила, 2 илјади литри средство за дезинфекција, 2 илјади маски за кислород и 4 ПЦР-уреди.
Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, претходно во објава на социјалните мрежи истакна дека медицинските материјали ќе бидат дистрибуирани до Палестинците на Западниот Брег и во Газа.