Emel Öz Gözellik
25 Мај 2019•Ажурирај: 27 Мај 2019
МЕКСИКО (АА) - Пронајдени се пет тела во западниот дел на Мексико, каде што неколку дена се случуваат вооружени судири меѓу банди, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Обвинителството се истакнува дека се пронајдени пет запалени тела во еден камион на автопатот во близина на градот Уруапан во провинцијата Мичоакан.
Истрагите за инцидентот продолжуваат.
Во судирот помеѓу бандите што се случи во средата во Уруапан загинаа 10 лица.
Се верува дека конфликтот произлегува од борбата за регионална доминација меѓу бандите кои продаваат дрога.
Во првите шест месеци од минатата година во земјата беа извршени 15.973 убиства, што претставува зголемување за 16 отсто во споредба со истиот период од претходната година.
Во првиот квартал од оваа година, бројот на убиства е зголемен за 9,7 отсто во споредба со истиот период од претходната година.
Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, кој стапи на функцијата на 1 декември 2018 година, во својот говор одржан пред генералите во главниот град Мексико рече дека за побезбедно Мексико реструктуирањето на армијата е „неизбежно“.