Sinan Doğan
27 Јули 2022•Ажурирај: 27 Јули 2022
БОГОТА (АА) – Во Мексико, во операција организирана од страна на полицијата запленето е повеќе од 1,5 тони кокаин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите во мексиканските медиуми, во делови на два камиони кои патувале кон Тепито е откриено поголемо количество кокаин.
Омар Гарсија Харфуч, секретарот за граѓанска безбедност, нагласувајќи дека операцијата е историска во однос на количеството запленета дрога, рече дека се запленети повеќе од 1,5 тони кокаин.
Истакнувајќи дека наркокартелите се многу тешко погодени од операцијата, Харфуч рече дека полицијата привела 4 лица поврзани со бандата.
Клаудија Шеинбаум, гувернерката на мексиканската држава, исто така нагласи дека финансиската структура на трговците со дрога е тешко погодена благодарение на операцијата.
Се додава дека кокаинот испратен од Колумбија било планирано прво да биде испратен до државата Oaxaca, а потоа до пристаништето Ескондидо за да биде транспортиран во Соединетите Американски Држави (САД).
Познато е дека дрогата се испраќа во САД, особено преку транспорт на овошје, зеленчук и разни други производи.