Associated Press
23 Октомври 2022•Ажурирај: 24 Октомври 2022
МОГАДИШУ (АА) - Вооружени лица нападнаа хотел во центарот на сомалискиот град Кисмајо, веднаш по експлозијата на бомба поставена во возило во близина на хотелот, соопшти полицијата, известува Агенција Анадолија (АА).
Официјалните лица соопштија дека тројца напаѓачи сѐ уште се во хотелот Тавакал и дека на терен се и полициски тимови.
Нападот започнал кога возило, со кое управувал бомбаш самоубиец, експлодирало на влезот од хотелот, соопшти полицискиот претставник Абшир Омар во телефонска изјава за АП. Тој информираше и дека од експлозијата се уништени и неколку деловни објекти во околината.
Омар соопшти дека во хотелот се наоѓале неколку државни функционери во моментот на нападот. Засега нема информации за настрадани.
Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Ал-Шабаб.