Husamedin Gina
11 Март 2022•Ажурирај: 11 Март 2022
СКОПЈЕ (АА) – Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија се сретна со заменик-премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Османи, на својот профил на една од социјалните мрежи соопшти дека денеска на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија имал средба со црногорскиот заменик-премиер Дритан Абазовиќ.
„Двете земји имаат јасна геополитичка ориентација – членки на НАТО, цврста поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, кредибилни партнери на ЕУ со 100 проценти карактеристики со ЗНБП (Заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската Унија), и обединети и решени во нашата цел – полноправно членство во ЕУ“, нагласи министерот Османи.