Muhammet Tarhan
14 Мај 2025•Ажурирај: 15 Мај 2025
АНТАЛИЈА (АА) - На средбата меѓу министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, и украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, во Анталија се разговараше за напорите за постигнување прекин на огнот и воспоставување траен мир меѓу Украина и Русија, известува Анадолу.
Според информациите добиени од извори од турското Министерството за надворешни работи, министерот Фидан се сретнал со шефот на украинската дипломатија Сибиха во Анталија во рамките на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.
На состанокот двајцата министри разговарале за напорите за постигнување прекин на огнот и воспоставување траен мир меѓу Украина и Русија.
Министерот Фидан истакнал дека Турција е подготвена да обезбеди секаков вид поддршка, вклучително и медијација и да биде домаќин на преговори за постигнување мир во Украина.
На состанокот се разговарало и за подготовките за планираната посета на украинскиот претседател Владимир Зеленски на Турција.