Gülşen Çağatay
12 Април 2021•Ажурирај: 14 Април 2021
ЛОНДОН
Новото истражување на Европската федерација за транспорт и околина, што е спроведено во 15 европски градови, покажа дека речиси две третини од жителите ја поддржуваат забраната за новите бензински и дизелски автомобили од 2030 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во онлајн анкетирањето учествуваа 10.050 лица од осум европски земји, како Белгија, Франција, Германија, Унгарија, Италија, Полска, Шпанија и Велика Британија.
Истражувањето покажа дека 63 отсто од жителите на градовите кои се најизложени на токсичните нивоа на загадувањето на воздухот го поддржуваат возењето без емисија по 2030 година.
Европската Унија поставува високи цели поврзани за климатското подрачје. Со помош на Зелениот план, Европа треба до 2050 година да стане прв континент кој отстранува толку емисија на јаглен диоксид (CO2) колку што произведува. Преодната цел на ЕУ е да ги намали емисиите за 60 отсто до 2030 година во споредба со нивото од 1990 година.
Пет земји членки на ЕУ законски го дефинираа постигнувањето на неутралност на климата: Шведска планира да има нулта стапка на емисии до 2045 година, а Данска, Франција, Германија и Унгарија до 2050 година.