Mohamed Sabry Emam Muhammed
23 Април 2017•Ажурирај: 24 Април 2017
НИНЕВИЈА (АА) - Најмалку 90 цивили се убиени во неодамнешните судири меѓу ирачките сили и припадниците на терористичката организација ДЕАШ во нападнатиот дел на Мосул, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван офицер во ирачката армија за АА рече дека цивилите се најдоа меѓу два огна за време на операцијата на ирачките сили за ослободување на западномосулскиот округ Ал Tавар.
„Голем број на телата на цивилните жртви и натаму се под урнатините на уништени најмалку 30 згради", рече офицерот.
Терористите на ДЕАШ од летото 2014 година го контролираат вториот по големина ирачки град Мосул. По три месеци операција здружените ирачки сили со поддршка од страна на меѓународната коалиција во јануари го ослободија источниот дел на Мосул, а на 19 февруари започна операцијата за ослободување на центарот на градот, кој се наоѓа на западниот брег на Тигрис.
Мосул во Ирак и Рака во Сирија се познати како две најголеми тврдини на терористите на ДЕАШ.