Ferdi Türkten
19 Март 2021•Ажурирај: 20 Март 2021
АНКАРА
Шефот на Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател, Фахретин Алтун, соопшти дека овогодишната програма на Денот на демократијата и национално единство - 15 јули, ќе биде организирана под мотото „Вечна Турција“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дирекцијата за комуникации е координатор на програмата на Денот на демократијата и национално единство кој во Турција се одбележува на 15 јули по повод годишнината од обидот за воен удар кој на тој ден во 2016 година го изврши терористичката организација ФЕТО, а кој е спречен со голем отпор кој го пружија турската власт и народот.
„Гаранцијата на нашето единство и виталност е оваа возвишена територија која низ илјада години беше наша татковина. Оваа земја, натопена со крвта на шехидите, изроди срца полни со вера кои беа непобедливи и вечни на Чанаккале во Думлупинар и Сакарја, како и на 15 јули“, порача Алтун.
Тој соопшти дека овогодишниот Ден на демократијата и национално единство - 15 јули, ќе биде организиран под мотото „Вечна Турција“, и тоа во чест и сеќавање на шехидите кои ги дадоа своите животи за зачувување на единството на нацијата, јакнењето на Турција и нејзините крупни исчекори во согласност со визиите за иднината, како и на нејзините раце на добрина кои ги пружа на сите угнетувани луѓе кои се борат за правда и слобода во светот.