Kerem Kocalar
03 Декември 2017•Ажурирај: 04 Декември 2017
ГАЗИАНТЕП (АА) - КЕРЕМ КОЏОЛАР - Заменик-генералниот секретар за хуманитарна помош при Обединетите нации (ОН), Урсула Мулер, во врска со состојбата на араканските муслимани засолнети во Бангладеш, бегајќи од суровоста на која се изложени, истакна: „Трагедијата во Мјанмар е најголемата хуманитарна трагедија на нашата ера. Многу јасно велиме дека треба да се стави крај на оваа трагедија и да се се исполнат основните хуманитарни потреби на тие бегалци“.
Мулер во изјава за Anadolu Agency (AA) нагласи дека Мјанмар се соочува со сериозна хуманитарна криза.
„Трагедијата во Мјанмар е најголемата хуманитарна трагедија на нашата ера“, нагласи Мулер.
„Многу јасно велиме дека треба да се стави крај на оваа трагедија и да се исполнат основните хуманитарни потреби на тие бегалци. Од друга страна, веднаш треба да се стави крај на воените операции кои се случуваат таму, како и да им се обезбеди доброволно враќање на бегалците кои избегаа од регионот. Исто така, треба да се осигура безбедноста на лицата кои ќе се вратат. Нашиот генерален секретар Антониот Гутереш имаше многу јасни изјави околу тоа. Сѐ уште продолжуваат нашите апели до светските организации за исполнување на потребите на муслиманите во Мјанмар, да сторат што е во нивна можност да се спречи трагедијата“, додаде Мулер.
Таа се осврна и на договорот за Аракан постигнат меѓу Бангладеш и Мјанмар.
„Започнат е еден дијалог околу ова прашање и решението е на повидок. Основните принципи се запирање на воените операции, реализирање на безбедно враќање, како и овозможување на лицата кои ќе се вратат да го продолжат својот живот во безбедна средина“, истакна во изјава за АА заменик-генералениот секретар за хуманитарна помош при Обединетите нации (ОН), Урсула Мулер.