Michael Gabriel Hernandez
09 Април 2022•Ажурирај: 10 Април 2022
ВАШИНГТОН (АА) - На холивудскиот актер Вил Смит му е забрането да присуствува следните 10 години на церемонијата за доделување Оскари откако на 94. доделување на наградите го удри комичарот Крис Рок, соопшти Академијата за филмски уметности и науки, известува Агенција Анадолија (АА).
Одлуката за забрана доаѓа по состанокот на Управниот одбор на Академијата, организиран за да се даде соодветен одговор.
Не само што Смит нема да може да присуствува на доделувањето Оскари, туку нема да може да присуствува и на кој било настан организиран од Академијата во тој период.
Претседателот на Академијата, Дејви Рубин, и извршната директорка Дон Хадсон, го нарекоа неприфатливо однесувањето на Смит.
Рубин и Хадсон наведоа дека Академијата „адекватно не ја контролирала ситуацијата во просторијата“, во текот на програмата.
„Сакаме искрено да му се заблагодариме на господинот Рок што ја задржа присебноста во вонредната ситуација. Одлуката што денес ја донесовме како одговор на однесувањето на Вил Смит е чекор кон поголема заштита на безбедноста на нашите изведувачи, гости и враќање на довербата во Академијата“, објавија Рубин и Хадсон.
Смит минатата недела поднесе оставка во Академијата по бројните критики поради физичкиот напад врз Крис Рок.