Emre Aytekin
24 Декември 2020•Ажурирај: 25 Декември 2020
АНКАРА
Новиот тип на коронавирус (Ковид-19) на светско ниво е детектиран кај повеќе од 79 милиони лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Новиот тип на коронавирус кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан и за кратко време се рашири низ целиот свет, досега е детектиран кај вкупно 79.086.170 лица. од кои 55.674.767 оздравеа, а 1.738.168 ги загубија животите.
САД се земја со најголем број на заразени и смртни случаи во светот. Во оваа земја се детектирани 18.917.152 лица позитивни на коронавирусот, од кои животот го загубија 334.218.
Земји во светот, покрај САД, во кои бројот на заразени со Ковид-19 надминува 1 милион се:
Индија (10.123.778), Бразил (7.366.677), Русија (2.933.753), Франција (2.505.875), Велика Британија (2.149.551), Турција (2.082.610), Италија (1.991.278), Шпанија (1.847.874), Германија (1.587.908), Аргентина (1.563.865), Колумбија (1.544.826), Мексико (1.350.079), Полска (1.226.883), Иран (1.177.004), Перу (1.002.263) и Украина (1.001.132).