Betül Yılmaz
02 Септември 2025•Ажурирај: 03 Септември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Повеќе од 1.000 жители ги загубија животите во лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови во село во Дарфур, западен Судан, пренесува Анадолу.
Движењето/Армијата за ослободување на Судан (SLM/A), групата што ја контролира областа, преку соопштение истакна дека целото население на селото Тарсин во планините Мара загинало на 31 август, откако обилните дождови предизвикале лизгање на земјиштето.
Само едно лице ја преживеало катастрофата, соопшти групата.
До утрово нема потврда од страна на суданската Влада.