Aness Suheil Barghoti
12 Јуни 2016•Ажурирај: 13 Јуни 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Над 130 екстремни еврејски доселеници денес насилно влегоа во комплексот на џамијата Ал Акса во Источен Ерусалим, каде што се обидоа да извршат талмудски ритуали, истакна палестински функционер, јавува Anadolu Agency (AA).
„Околу 135 екстремистички доселеници насилно влегоа во комплексот на џамијата со помош на израелската полиција”, изјави за АА генералниот директор на комплексот Ал Акса, Шејх Азам ал-Хатиб.
„Еврејските доселеници се обидоа да извршат талмудски ритуали во близина на Ал Кибали џамијата и Златната купола но беа одвратени од страна на муслиманските верници и обезбедувањето на џамијата”, истакна тој.
Според Ал-Хатиб, и покрај тоа, десетици еврејски доселеници успеаа да изршат талмуски ритуали.
„Верското тело за донации ги осудува овие провокативни упади на еврејските доселеници”, рече Ал-Катиб.
За муслиманите, Ал-Акса претставува трето најсвето место во светот. Евреите, од своја страна, подрачјето го сметаат како "Ридот на храмовите", тврдејќи дека тоа е местото на двата еврејски храмови од дамнешно време.
Некои екстремистички еврејски групи повикаа на уривање на џамијата Ал-Акса за да можат да изградат еврејски храм на тоа место.