Ali H. M.Abo Rezeg
11 Декември 2018•Ажурирај: 11 Декември 2018
РАМАЛА (АА) - Радикалните еврејски групи денес повикаа на убиство на палестинскиот претседател Махмуд Абас, јавува Anadolu Agency (AA).
На постерите кои беа поставени од страна на групите на влезот на еврејската населба Ицхар во близина на градот Наблус, пишуваше „поддржувач на терористите“, што се однесува на Абас и се повикува на негова смрт.
Во соопштението издадено од страна на палестинските власти се вели дека заканата за убиство на Абас ги „поминала сите граници“.
Портпаролот на палестинското Претседателство, Набил Абу Рудеина, во соопштението пренесено од страна на официјалната новинска агенција ВАФА, ја обвини израелската Влада за секоја провокација против палестинскиот лидер.
Секретарот на покровителската палестинска ослободителна организација, Саеб Ерекат, исто така ги осуди заканите против Абас.
„Ова е декларација за јавен атентат на мировниот пат проследен од страна на претседателот и палестинското раководство“, истакнува Ерекат.
„Ова е повик за вовлекување на регионот во судири и насилства, за кои ќе бидат одговорни окупациските власти и администрацијата на Доналд Трамп.“
Ерекат изјави дека палестинското раководство и народот сериозно ја сфаќаат заканата за убиство на Абас, повикувајќи ја меѓународната заедница да ја осуди ваквата закана против палестинскиот лидер.
Махмуд Абас е претседател на палестинската управа со седиште во Рамала.
Мировните преговори со посредство на САД меѓу палестинската управа и Израел пропаднаа во 2014 година поради одбивањето на Израел да ја запре изградбата на населбите во окупираниот Западен Брег.
Во понеделникот израелските сили извршија рации низ градот Рамала и главната канцеларија на државната новинска агенција ВАФА, со тврдења дека ги бараат осомничените во престрелката која се случи во неделата, а во која беа повредени седум израелски доселени.
Во меѓувреме, израелските доселеници вандализираа неколку палестински возила во градот Бетиен, источно од Рамала, велат локалните жители.
Доселениците, исто така со спреј изнапишале расистички антиарапски слогани на автомобилите и ѕидовите од нивните домови во областа и фрлале камења врз возилата кои поминувале во близина врз контролниот пункт Бет Еил, велат жителите.