Elena Teslova
26 Јануари 2022•Ажурирај: 27 Јануари 2022
МОСКВА (АА) - Повеќе од 20 брода на руската морнарица денеска започнаа воена вежба во Црното Море, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Целта на вежбата е обука за безбедно маневрирање во области со тежок бродски транспорт, да се воспостават комуникации и да се организира воздушна одбрана на море“, се додава во соопштението.
Министерството посочи дека ова е дел од серијата обуки планирани за јануари и февруари.
Руското Министерство за одбрана на 20 јануари објави дека за руската морнарица закажало серија вежби во јануари и февруари „во сите области на одговорност“.
На вежбите ќе бидат ангажирани над 140 воени бродови и помошни бродови, повеќе од 60 авиони, 1.000 единици воена опрема, околу 10.000 воен персонал.