Ali Kemal Akan
04 Октомври 2022•Ажурирај: 07 Октомври 2022
АНКАРА (АА) – Над 6 милиони тони жито се извезени од Украина од август според договорот од Истанбул, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Туркије, Обединетите нации, Русија и Украина на 22 јули потпишаа договор во Истанбул за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, што беше прекинат по почетокот на Руско-украинската војна во февруари.
Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и Обединетите нации за надгледување на испораките.
Во меѓувреме, денес уште осум бродови ги напуштија украинските пристаништа, соопшти Министерството.
Откако првиот брод на 1 август ја напушти Украина, според договорот, досега украинските пристаништа ги напуштија над 260 бродови со повеќе од 6 милиони тони земјоделски производи.