Hamdi Yıldız
21 Април 2018•Ажурирај: 22 Април 2018
TАИЗ (АА) - Во нападот на возилото на Меѓународниот црвен крст во Taиз, Јемен, загина еден вработен на оваа меѓународна организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медицински извори велат дека Хана Лахуд, од медицинскиот тим на Црвениот крст, го загуби животот во нападот од страна на неидентификувани лица во областа Дабаба во Taиз.
Се потврдува дека Лахуд е државјанка на Либан. Информациите за смртта на вработената во Црвениот крст, ги потврди Аднан Хазам, портпарол на Црвениот крст на Јемен.
Хусите веќе три години под опсада го држат Таиз, од кој поголемиот дел е под контрола на владините сили.
Јемен веќе подолго време е место на политичка и безбедносна нестабилност.
Од септември 2014 година, Хусите имаат контрола над Сана и уште над неколку други региони. Коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија од март 2015 година ја поддржуваат јеменската Влада.