?kipa
21 Април 2018•Ажурирај: 23 Април 2018
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Индиската Влада донесе Одлука за смртна казна за осудениците за силување девојчиња на возраст под 12 години, а сѐ со цел да се бори против порастот на злосторствата врз жените, пренесува Anadolu Agency (AA).
Уредбата се испраќа до претседателот за одобрување. Одлуката, за да биде легитимна, бара и нејзино изгласување во Парламентот во рок од шест месеци со цел одлуката да стапи во сила.
Одлуката следуваше по неодамнешното брутално силување и убиство на осумгодишно девојче во државата Џаму-Кашмир.
Протестите во врска со случаите на силување и убиства во Њу Делхи во 2012 година ја наведоа Владата да изрече затворски казни во траење од 20 години за силувачите.