Nuri Aydın
27 Јануари 2022•Ажурирај: 28 Јануари 2022
АНКАРА
Според веста што ја објави „Гардијан“ (Guardian), тим од Универзитетот „Куртин“ направил истражување за радиобрановите во вселената, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во текот на истражувањето, Тајрон О'Доерти, еден од истражувачите, открил нов тип на светлосен зрак кој се појавува и исчезнува на секои 20 минути.
Д-р Наташа Харли-Вокер, астрофизичарка која го надгледува истражувањето, забележала дека светлината што трепка во милисекунди или секунди потекнува од ѕвезда пулсар (неутронска ѕвезда), а светлината што трепка на неколку дена, потекнува од супернова, но новооткриениот тип на светлина се појавува и исчезнува на секои 20 минути.
Харли-Вокер, изјавувајќи дека изворот на новиот вид светлина е непознат, истакна дека овој светлосен зрак доаѓа од блиско растојание од околу 4.000 светлосни години.
И О'Доерти истакна дека е можно типот на светлосниот зрак да биде „магнетар“, тип на неутронска ѕвезда за која се претпоставува дека постои, но никогаш не била забележана.
О'Доерти за проучување на небото ги користеше телескопите Murchison Widefield Array (MWA) во западниот дел на САД.
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Нејчр“ (Nature).