Muhammed Semiz
23 Октомври 2023•Ажурирај: 23 Октомври 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 27 Палестинци загинаа, а десетици се повредени во израелските напади утринава врз блокираниот Појас Газа, јавува Анадолу.
Министерството за внатрешни работи на Газа соопшти дека Израел ги бомбардирал регионите Џабалија и Фелуџа во северниот дел на Газа и градот Деир ал Балах во централниот дел.
Во соопштението се наведува дека најмалку 17 лица загинале, а десетици се повредени како резултат на израелското бомбардирање на куќата на семејството Ал Баташ во Џабалија и стан во областа Фелуџа.
Најмалку уште десет лица ги загубија животите во израелското бомбардирање на куќата на семејството Абу Дан во Деир ал Балах, во центарот на Газа.