Ömer Faruk Yıldız
09 Мај 2022•Ажурирај: 11 Мај 2022
ЖЕНЕВА (АА) - Најмалку 6 лица се повредени во нападот извршен од страна на приврзаниците на терористичката организација ПКК на „Меѓународниот детски фестивал 23 април“ во Базел, Швајцарија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои дојде АА од турските граѓани кои присуствувале на фестивалот, приврзаниците на ПКК вербално ги нападнале Турците веднаш по завршувањето на настанот.
Извикувајќи слогани во корист на ПКК и против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, групата од околу 30 луѓе ги тргнале бариерите во подрачјето каде што се одржува фестивалот и ги нападнале учесниците.
Соопштено е дека во нападот најмалку 6 лица се повредени и пренесени во болница.
Од друга страна, швајцарскиот весник „20 Minuten“ во веста за нападот најпрвин го користеше насловот „Приврзаниците на ПКК и Турците се степаа на Детскиот фестивал“, но подоцна го смени насловот на статијата во „Турците и Курдите се тепаа на Детскиот фестивал“.
– Министерството за надворешни работи го осуди нападот -
На плоштадот „Базел“ се одржа „Меѓународниот детски фестивал 23 април“, кој се одржува секоја година, со учество на над 1.000 Турци.
По фестивалот, групата за која подоцна се дозна дека се поддржувачи на ПКК ги нападнаа учесниците на фестивалот.
Турското Министерство за надворешни работи го осуди нападот и повика сторителите на нападот да бидат изведени пред лицето на правдата.