Ikrame Imane Kouachi
05 Октомври 2024•Ажурирај: 06 Октомври 2024
БЕЈРУТ (АА) – Најмалку девет лица загинаа во серијата израелски бомбардирања ова утро врз јужните предградија на Бејрут, долината Бека во источен Либан и градовите на југот од земјата, јавува Анадолу.
Либанската новинска агенција јавува дека израелската армија извршила најмалку 12 воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут.
Истиот извор извести дека едно лице е убиено во израелски напад врз куќа во населбата Саад Најел.
Во исто време, директорот на училиштето Ал-Абрар беше убиен во воздушен напад на неговата куќа во градот Ал-Рафид во долината Рашаја.
Една жена почина од нанесените повреди во воздушен напад врз градот Аин во северниот дел на Бека. Жената била вработена во либанскиот Црвен крст.
Двајца мажи се убиени во израелски воздушен напад врз автомобил во областа Марџ Харуф во провинцијата Набатија во јужен Либан.
Либанската цивилна одбрана соопшти дека четири тела и еден повреден биле извлечени од урнатините по израелски воздушен напад врз куќа во градот Џоја во областа Тир во јужен Либан.
Воздушниот напад се случил ова утро, а цел била станбена зона. Зградата се срушила, а цивилите се заробени под урнатините.
Новинар на Агенција Анадолу известува дека израелските сили ова утро извршиле нов бран интензивни воздушни напади врз подрачјата во Бурџ ал Бараџнех, јужно од Бејрут.
Сè уште нема детали за жртвите или причинетата штет од интензивното израелско бомбардирање на областа.