Gökhan Kurtaran
12 Ноември 2019•Ажурирај: 15 Ноември 2019
ЛОНДОН (АА) - Невработеноста во Велика Британија се намали на 3,8 проценти во септември, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според британскиот Национален завод за статистика (ONS), невработеноста во Велика Британија во август изнесувала 3,9 проценти, а во септември се намали на 3,8 проценти.
Бројот на невработени во земјата во септември се намали за 23.000 и изнесува вкупно 1,3 милиони.
Во Велика Британија, месечниот раст на приходите во септември, вклучително и исплати на бонуси, се зголеми за 3,6 проценти.
„Иако стапката на вработеност не се смени драматично во последните неколку месеци, таа е над претходната година. Бројот на лица кои доаѓаат од ЕУ во Велика Британија е многу мала. Но, има зголемување на бројката кои доаѓаат надвор од ЕУ“, се истакнува во соопштението на британскиот Национален завод за статистика (ONS).