Rania R.a. Abushamala
24 Јули 2026•Ажурирано: 24 Јули 2026
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац денес изјавија дека ѝ наредиле на Армијата да започне „опсежна воена операција“ во палестинските села на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.
Нетанјаху и Кац во заедничка изјава исто така наведоа дека Армијата добила насоки да ја сруши куќата на Палестинецот обвинет за извршување на нападот со огнено оружје врз окупаторите во близина на палестинскиот град Тел на северот од Западниот Брег.
Според дописникот на Анадолу, големи израелски воени сили извршиле рација во градот Наблус на северот од окупираниот Западен Брег.
Мерките следуваа по инцидентот со пукање во близина на нелегалната населба Хават Гилад, во близината на Наблус, во кој загина еден израелски окупатор, а три лица беа повредени, според израелските медиуми.
Израелскиот „Канал 13“ објави дека Палестинци го одзеле оружјето на службеникот за обезбедување на населбата и отвориле оган врз доселениците.
Претходно денес, четворица Палестинци беа убиени, а четворица беа повредени, од кои тројца критично, за време на нападот од страна на израелските сили и доселениците врз Тел, југозападно од Наблус, соопшти палестинското Министерство за здравство.