Emre Gürkan Abay
21 Февруари 2019•Ажурирај: 22 Февруари 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин обави телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, ден откако Нетанјаху изненадно ја откажа за денес планираната посета на Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Кремљ е потврдено дека на барање на израелската страна, реализиран е телефонски разговор помеѓу Путин и Нетанјаху.
Двајцата лидери разговараа за глобални теми, билатералните односи, а зборуваа и за посетата на Нетанјаху кој во наредните денови требаше да престојува во Русија.
Израелските медиуми вчера објавија дека Нетанјаху во последен момент ја откажал посетата на Русија.
Тоа требаше да биде прва посета на Нетанјаху на Русија, откако во септември 2018 година во Сирија беше соборен рускиот авион IL-20. Руското Министерство за одбрана тогаш објави дека рускиот авион паднал поради напади кои во тој момент ги спроведувале израелските воени авиони.