Anees Suheil Barghouti
17 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денес процени дека САД за една година ќе ја премести својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Мојата проценка е дека САД ќе ја преместат амбасадата многу побрзо одошто мислат сите, за една година од сега“, изјави Нетанјаху пред новинарите за време на неговата посета на Индија, објави израелскиот весник „Haaretz“ (Харец).
Во декември, американскиот претседател Доналд Трамп, официјално го призна Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел и нареди преместување на амбасадата во светиот град.
Пресвртот во политиката на САД предизвика бунт во арапските и муслимански земји и бран протести на палестинските територии, во кои загинаа најмалку 16 лица.
Вчера, администрацијата на САД изјави дека ќе суспендира 65 милиони евра помош за Палестиниците.
Кудс останува во сржта на израелско-палестинскиот конфликт, а Палестинците се надеваат дека Источен Кудс, кој моментално е под окупација на Израел, ќе биде главен град на идната палестинска држава.