Ali H. M.Abo Rezeg
10 Јуни 2019•Ажурирај: 11 Јуни 2019
ЕРБИЛ (АА) - Поранешниот премиер на Регионалната курска управа во северен Ирак, Нечирван Барзани, денес положи заклетва на функцијата претседател на тој автономен регион, јавува Anadolu Agency (AA).
На свечената церемонија во Ербил присуствуваа високи претставници од Ирак, вклучувајќи го и претседателот Бархам Салих и претседателот на Парламентот, Мухамед ал Халбуси, и други странски официјални лица.
Барзани, кандидат од Демократската партија на Курдистан (KDP), беше избран за претседател од Регионалниот парламент минатиот месец.
Функцијата претседател на регионот остана празна од ноември 2017 година, кога истече мандатот на тогашниот претседател, Месуд Барзани (вујко на Нечирван) - кој беше на функцијата од 2005 година.
Во изминатите две години извршната власт ја делеа премиерот и претседателот на Парламентот.