Adam Abu-bashal
10 Октомври 2021•Ажурирај: 11 Октомври 2021
АБУЏА
Во нигериската федеративна држава Сокото извршен е вооружен напад на пазар, во кој животот го загубија најмалку 20 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во националните медиуми, засега неидентификувани лица пукале врз народот кој се наоѓал на пазар во подрачјето Сабон Бирни во државата Сокото.
Во објавените вести се наведува дека во нападот загинале најмалку 20 лица, а 35 се ранети.
Во нигериската држава Сокото, во која често се случуваат напади на вооружени групи, на 8 септември беше изведен напад во кој загинаа 11 лица, а голем број беа ранети.