Muhammed Emin Canik
10 Октомври 2021•Ажурирај: 11 Октомври 2021
БУЕНОС АИРЕС
Шест лица загинаа при пад на воен авион во северниот дел на Боливија, известува Агенција Анадолија (АА).
Воздухопловните сили на Боливија објавија дека во авионската несреќа, што се случила во Рибералти, во регионот Бени, животот го загубиле двајца воени пилоти и четворица медицински работници.
Во соопштението им се упатува сочувство на семејствата на настраданите.
Во тек е истрага за откривање на причината за несреќата.