Adam Abu-bashal
24 Октомври 2021•Ажурирај: 25 Октомври 2021
АБУЏА
Најмалку 25 лица починаа во експлозија на нелегална рафинерија за нафта во Риверс, Нигерија, една од западноафриканските земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ифеани Омано, претставник на регионот Румуекпе во провинцијата Риверс, изјави дека дошло до експлозија во нелегалната рафинерија за нафта во Румуекпе.
Наведувајќи дека најмалку 25 луѓе, вклучително и деца, починале во експлозијата, Омано истакна дека многу луѓе се повредени.
Постои загриженост дека бројката на мртви ќе се зголеми.
Повредените лица се хоспитализирани, а во експлозијата се уништени и десетина куќи.
Истакнувајќи дека работата на нелегалната рафинеријата за нафта во регионот е алармантна, Омано ја повика Владата итно да реагира во вакви ситуации.
Нигерија, која е на 8. место меѓу земјите со најголеми залихи на нафта во светот, доживува намалување на приходот од нафтата поради саботажите на вооружените групи на нафтените полиња, нелегалните рафинерии за нафта, судирите во регионите и киднапирањата.