Ekip
24 Октомври 2021•Ажурирај: 25 Октомври 2021
ДАКА
Полицијата на Бангладеш уапси 58 лица осомничени за вмешаност или организирање на палењето на десетина куќи и имот минатата недела, јавува Агенција Анадолија (АА).
„До денес уапсивме 58 осомничени, а четири лица веќе ја признаа вмешаноста во ова кривично дело“, рече Биплоб Кумар Сакар, надзорник на полицијата во северната област Рангур, каде што се случил инцидентот.
Тој наведе дека полицијата ќе продолжи да го истражува случајот.
„Од приведените, 37 се во тридневен притвор поради понатамошни испитувања“, појасни Сакар.
Тензиите се разгореа во Рангур откако минатата недела хиндуистот Паритоша Саркар со објава на социјалните мрежи го навредувал муслиманското свето место во Каба, Мека. Саркар подоцна е убиен.
Во меѓувреме, со помош на Владата и некои други организации и поединци, хиндуистичките семејства се вратиле во своите домови што се реновирани со финансиска помош.