Ekip?
16 Март 2016•Ажурирај: 17 Март 2016
ВАТИКАН (АА) - Врховниот поглавар на Римокатоличката црква, Папата Францис ги повика лидерите на земјите од целиот свет „да ги отворат своите срца и граници” за десетици илјади бегалци кои бараат засолниште во нивните земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Папата Францис за време на денешното обраќање пред илјадниците верници собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан, се помоли за спас на ранливите бегалци во светот.
Тој го повтори својот претходен повик до светските лидери да им помогнат на оние луѓе кои бегаат од војни и се обидуваат да влезат во Европа.
„Колку наши браќа живеат во драматична ситуација во егзил, далеку од својата татковина. Нивните очи се полни со сликите од рушевините на нивните домови, нивните срца се исполнети со страв и за жал, често страдаат поради губење на најсаканите”, рече папата Францис.