Gökhan Varan
04 Јуни 2021•Ажурирај: 07 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - ЃОКХАН ВАРАН –
Приближно 160 милиони деца живеат во зони на конфликти низ светот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на АА базирани на извештаите на Обединетите нации (ОН) и Фондацијата „Да ги спасиме децата“ (Save The Children), 160 милиони деца живеат во зони на конфликти.
Четврти јуни од страна на ОН во 1982 година е прогласен за Меѓународен ден на децата жртви на агресија.
Наведената одлука е донесена за палестинските и либанските деца кои во тоа време беа изложени на израелски напади.
- Насилство врз децата -
Според извештаите на ОН, повеќе од 93.000 деца останале инвалиди или убиени во конфликти во последните 10 години.
Две илјади и дваесеттата година е годината во која бројот на потврдени прекршувања врз децата го достигна највисокото ниво. Прекршувањата евидентирани во овој период се за 26.000 повеќе од евидентираните прекршувања во 2019 година.
Се наведува дека овие тешки повреди се над 250.000 од 2005 година, кога ОН започнаа да водат евиденција за прекршувањата.
Околу 106.000 од овие прекршувања се евидентирани како убиства или трајни повреди.
Како земји со најголема стапка на прекршувања се истакнуваат Палестина, Јемен, Демократска Република Конго, Сомалија и Авганистан.
Од 2010 година, на ден околу 25 деца се убиени или се останати инвалиди во конфликтите.
- 160 милиони деца живеат во области на интензивни конфликти -
Според извештајот на Фондацијата „Да ги спасиме децата“, за 2020 година бројот на деца кои живеат во зони на конфликти се зголеми за 2 проценти во споредба со 2018 година, достигнувајќи 160 милиони.
Се проценува дека вкупниот број деца кои живеат во зони на конфликти е 426 милиони. Оваа бројка одговара на една петтина од бројот на деца низ светот.
- Најопасните земји за децата се земјите во Азија и Африка -
Според податоците од истиот извештај за 2019 година, земјите во Азија и Африка се наведени како најопасните земји за децата.
На оваа листа се наоѓаат Авганистан, Јужен Судан, Ирак, Демократска Република Конго, Мали, Нигерија, Централноафриканска Република, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен.
- Децата кои живеат во зони на конфликти се лишени од своите права -
Според податоците на ОН, приближно 250.000 деца се вклучени во конфликти низ светот. Овие деца се користат како воини, гласници, шпиони, портири или готвачи.
Девојчињата се изложени на сексуално злоставување и лишени се од своите права.
Обединетите нации формираа Работни сили на земјите на ОН во 14 земји за да ги следат кршењата на правата на децата.
Во тие земји вклучени се Авганистан, Бурунди, Колумбија, Демократска Република Конго, Централноафриканска Република, Чад, Брегот на Слоновата Коска, Мјанмар, Непал, Сомалија, Шри Ланка, Судан, Филипини и Уганда.