Turgut Alp Boyraz
22 Август 2016•Ажурирај: 23 Август 2016
ГАЗА (АА) - Изралеските воздушни сили синоќа извршија нови напади на подрачјето на Појасот Газа, а истото го сторија и вчера во попладневните часови, јавува Anadolu Agency (AA).
Центарот за односи со јавност при израелската војска соопшти дека израелските бомбардери синоќа ги гаѓале упориштата на Хамас во северниот дел на Газа.
Во соопштението се наведува дека синоќешните напади биле одговор на вчерашниот ракетен напад врз јужниот израелски град Сдерот.
Претходно израелската војска соопшти дека една ракета од Газа вчера паднала на ненаселени полиња во Сдерот, а притоа изралеските воздушни и артилериски сили одговориле со жестоки удари на неколку локалитети во Газа.
Досега никој од палестинска страна не презеде одговорност за наводниот ракетен напад, кој израелската страна го наведува како повод за нападите врз Газа.
Метa на изралеските напади беа камповите на воениот огранок на бригадата на Хамас, Езедин ал-Касам.