08 Март 2017•Ажурирај: 09 Март 2017
ДАЛАС (АА) - Германецот Дирк Новицки постигна 25 коша на синоќешниот натпревар во кој Далас Маверикс извојува победа над Лос Анџелес Лејкерс со резултат од 122 : 111, и така стана шестиот играч во историјата на НБА лигата со најмалку 30.000 постигнати поени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новицки е и првиот меѓународен играч кој успеа да ја оствари оваа магична цифра, а освен тоа, тој е еден од тројцата кои постигнаа повеќе од 30.000 поени за еден тим. Истото тоа претходно го имаа направено и Карл Мелоун (Јута) и Коби Брајант (ЛА Лејкерс).
Триесет и осумгодишниот Германец во победата против Лејкерси беше најдобриот играч во Далас, со 25 коша и 11 скока.
На Новицки, кој ја игра 19. сезона за Маверикс, пред синоќешниот дуел му недостасуваа 20 поени за да се впише во друштвото на најдобрите, а во тоа успеа уште на почетокот на втората четвртина, па сега има запишани 30.005 поени.
Пред него на листата најдобри НБА стрелци на сите времиња се Карим Абдул-Џабар (38.387), Карл Мелоун (36.928), Коби Брајант (33.643), Мајкл Џордан (32.292) и Вилт Чемберлејн (31.419).