Abdullah Tevge
11 Март 2021•Ажурирај: 12 Март 2021
ИСТАНБУЛ
Натпреварувањето во НБА продолжи со два натпревари. Екипата на Далас Маверикс, која се наоѓа на осмото место во Западната конференција, на домашен терен го пречека Сан Антонио Спарс, кој е едно место погоре на табелата. Маверикс го совлада Спарс со резултат 115:104, известува Агенција Анадолија (АА).
Лука Дончиќ, постигнувајќи трипл-дабл од 22 поени, 12 асистенции, 12 скока, беше играчот кој стави печат на овој натпревар. Извонреден перформанс презентира и Кристапс Порзингис, кој постигна дабл-дабл од 28 поени, 14 скока, а Џош Ричардсон натпреварот го заврши со 12 поени, 4 асистенции, 2 скока.
Кај гостите најдобра игра прикажа Демар Дерозан со дабл-дабл учинок од 30 поени, 11 асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот.
- Мемфис Гризлис победи на домашен терен
Екипата на Мемфис Гризлис, еден од тимовите што се наоѓаат во средниот ред на табелата од Западната конференција, на теренот го победи тимот Вашингтон Визардс, член на Источната конференција, со резултат 127:112.
Најпрецизни кај Гризлис со дабл-дабл учинок беа Јонас Валанчунас со 29 поени, 20 скока, 3 скока и Џа Морант кој постигна 21 поен, 10 асистенции, 6 скока, додека Дезмонд Бејн постигна 20 поени, 4 скока, 1 асистенција.
Најдобри во редовите на Визардс беа Расел Вестбрук со дабл-дабл од 20 поени, 10 асистенции, 5 скока и Бредли Бил со 21 поен, 5 асистенции, 3 скока.