Ahmet Furkan Mercan
28 Декември 2021•Ажурирај: 30 Декември 2021
ТОКИО
Обилните врнежи од снег што ги зафатија северните и западните делови на Јапонија предизвикаа бројни проблеми во патниот и воздушниот сообраќај во таа земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што јавува новинската агенција „Кјодо“, во обилните врнежи од снег повредени се 10 лица, од кои двајца потешко.
Поради обилните врнежи прекинат е сообраќајот на автопатите меѓу градовите Маjѕуру - Вакаса и меѓу Нагоја - Кобе во јапонската префектура Кјото.
Истовремено се откажани бројни летови, како и железнички услуги до провинциите во северните и западните делови на земјата.
Поради обилните снежни врнежи властите издадоа предупредување до граѓаните со кое ги советуваат да останат во затворен простор.
Се предвидува дека снежните врнежи, што почнаа да паѓаат во петокот, ќе продолжат и денес.