Admir Fazlagic
06 Декември 2019•Ажурирај: 07 Декември 2019
Објавена е снимка од моментите кога е поведен фоторепортерот на Агенција Анадолија (АА), Мустафа Јалчин, за време на протестите во Париз.
Јалчин, кој вчера беше ранет во левото око од гас бомба испукана од француската полиција додека ги следеше протестите против пенсиските реформи во Франција, беше опериран денес.
Јалчин, кој одблиску ги следеше протестите, беше ранет во окото откако гасната бомба на безбедносните сили му го скрши стаклото на маската која ја носеше како заштитна мерка.
Во крвава состојба, му беше пружена лекарска помош од здравствените екипи на местото на настанот, а потоа и од лекарите на брзата помош.
Лекувањето на Јалчин продолжува во болницата.
Потсетуваме дека судирите меѓу полицијата и десетици илјади демонстранти се случија за време на протестите што започнаа вчера во Париз и низ цела Франција против пензиските реформи.
Полицијата интервенираше откако демонстрантите ја оштетија околината и запалија неколку возила.
За време на инцидентите беа приведени околу 80 демонстранти, а исто така беше соопштено за повредени како резултат на полициска интервенција.
Протестите и насилните инциденти продолжуваат низ цела Франција.